Мисија на ОБСЕ во Скопје
Прашања во врска со националните малцинства
Со цел да се зајакнат меѓуетничките односи во земјата, Мисијата, заедно со владата и граѓанското општество, работи на иницијативи за реформа на образовниот систем, зголемување на правичната застапеност, подобрување на употребата на малцинските јазици, спречување на дискриминацијата и градење доверба меѓу заедниците. Таа, исто така поттикнува создавање регионални мрежи кои ќе креираат одржливи институции за заедниците и ќе ги штитат нивните права.