Амбасадор Килиан Вал
Амбасадорот Килиан Вал е истакнат експерт за превенција и управување со кризи со богато искуство во олеснување на дијалогот, реформи во безбедносниот сектор и градење институции со посебен акцент на Југоисточна Европа.
Пред да ја преземе функцијата шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во ноември 2022 година, тој беше заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Косово.
Роден во американскиот сектор на Западен Берлин, Килиан Вал израснал во Торонто и Берлин. Студирал комуникации, право и историја на уметност на Фрај Универзитетот во Берлин. Во 2004 година, тој ја презеде позицијата директор за комуникации и главен портпарол на првата воспоставена Европска мисија за владеење на правото, ЕУПМ, во Сараево, Босна и Херцеговина. Неговата кариера потоа го одведе во Косово, каде што се пресели во 2011 година заради позицијата заменик-шеф на персоналот на ЕУЛЕКС, досега најголемата мисија на ЕУ во светот. На оваа функција, тој стана дел од техничкиот преговарачки тим на Дијалогот меѓу Белград и Приштина, посредуван од ЕУ, и го надгледуваше спроведувањето на договорите на терен. По две години родителско отсуство, Килијан Вал во 2017 година се врати во Косово како политички советник за дијалогот посредуван од ЕУ во рамки на Европската служба за надворешни работи.
Пред неговиот ангажман во Југоисточна Европа, Килијан Вал имаше многу успешна кариера како новинар, вклучително и како водител на најпопуларното германско ТВ-шоу. Му беше доделена Европската награда за извонредност во областа на комуникацијата во 2009, а го има добиено и Медалот за заедничка безбедносна и одбранбена политика во 2004 и 2012. Тој е предавач на Школата за напредни меѓународни студии (SAIS) при Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Болоња.
Амбасадорот Вал зборува германски, англиски, француски и малку српско-хрватски. Оженет е и има пет деца.